Држави кои пристапуваат кон легализација, декриминализација и медицинска употреба

Во исчекување на легализацијата на марихуаната со вас споделуваме неколку факти за Денот на тревата – 420, како и список на земјите во кои марихуаната е легализирана, декриминализаирана, или одобрена за медицинска употреба.

Што е 420 и како „Денот на тревата“ го добил своето име?

Ширум светот, на овој ден кој стана светски  неофицијален празник на марихуаната и напорите за нејзина легализација љубителите на марихуаната ја слават зелената билка.

Кое е значењето на денот 420?

Денеска – 420 – се слави секоја година на 20 април, затоа тоа што април е четврти месец во годината. На овој ден луѓето ширум светот палат џоинт и се собираат за да ја прослават билката. Обично се одржуваат настани, на кои учесниците имаат за цел да ја подигнат свеста за каузата за легализација на марихуаната. Со оглед на тоа што тревата е нелегална во многу делови од светот, 420 е делумно прослава и делумно протест против она што некои го гледаат како престроги закони против марихуаната.

Потеклото на 420

И покрај тоа што значително расте популарноста со текот на годините, точното потекло на терминот 420 не се знае.

Според легендата, датумот датира од 1971 година, кога група ученици во средното училиште Сан Рафаел во Калифорнија се состанувале во 16.20 часот секој ден за да издуваат џоинт. Групата – која себеси се нарекуваше Валдос – тогаш почна да го користи времето како шифра за да договорат средба позади училишниот ѕид, каде дувале и така се роди 420. Поради фактот што Американците имаат тенденција да го пишуваат 20-ти април како 4/20, природно стана официјален ден за одбележување на надувувањето.

Целосно легална рекреативна употреба на марихуана

Австралија (легално само на територијата на австралиската престолнина)

Канада

Малта

Тајланд

Соединетите Американски Држави

Уругвај

Список на 21 држава во САД кои ја легализираа, или ја легализираат марихуаната за лична употреба: Аризона, Калифорнија,Колорадо, Конектикат, Илиноис, Мејн, Масачусетс, Мичиген, Мисури, Монтана, Невада, Њу Џерси, Ново Мексико, Њујорк, Невада, Орегон, Род Ајленд, Вермонт, Вирџинија, Вашингтон. Како и: Северните Маријански Острови и Гуам

Дозволено користење на марихуана за медицински потреби

Аргентина (рекреативната употреба исто така е декриминализирана, но купувањето нелегално)

Австралија (на федерално ниво и сите држави)

Австрија

Барбадос (исто така легално за духовна употреба од регистрирани растафаријанци)

Белгија (рекреативната употреба е исто така декриминализирана за до 3 g)

Бермуди (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Бразил (само за терминално болни пациенти или оние кои немаат други опции за третман)

Чиле (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Колумбија (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Хрватска (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Кипар

Чешка република

Данска

Еквадор (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Финска

Грузија

Германија (само за сериозно болни пациенти кои ги исцрпиле другите опции)

Гана

Грција

Ирска

Израел (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Италија (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Јамајка (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Јужна Кореја (пристапот ограничен)

Либан

Литванија

Луксембург (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Малави

Малта (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Мексико (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Холандија (рекреативната потрошувачка е дозволена во лиценцирани кафулиња)

Нов Зеланд

Северна Македонија

Норвешка

Перу (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Полска

Португалија (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Свети Винсент и Гренадини

Сан Марино

Словенија (декриминализирана е и рекреативната употреба)

Јужна Африка (исто така легално за одгледување, но не за продажба)

Шпанија (ограничено)

Шри Ланка

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни