350 планинари на врвот: Успешно искачување на Титов Врв за 100 години ПК „Љуботен“


Планинарскиот клуб „Љуботен“ го реализираше традиционалното мајско искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв, висок 2.747 метри. И покрај нестабилните временски услови, со густа магла и повремени врнежи, околу 350 од вкупно 400 пријавени учесници успешно го искачија врвот и се вратија безбедно назад на Попова Шапка.

Меѓу учесниците имаше планинари од различни градови низ Македонија, но и гости од соседните балкански земји, како и претставници од неколку дипломатски претставништва.

Ова искачување имаше и дополнително значење – како најава на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на ПК „Љуботен“. По тој повод, во саботата беше отворена изложба посветена на историјата на клубот, со што свечено беше означен почетокот на годината на јубилејот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни