Tриесет и второто издание на Скомрахи годинава од 1-5 ноември уште еднаш ќе ја прослави креативноста, различноста и уметноста како алатка за позитивни промени.
Овогодинешната манифестација Скомрахи ги поканува студентите од европските академии и факултети да ја истражат моќта на уметноста во свет обележан со поделба, алчност и експлоатација.
Од своето основање во 1988 година, Скомрахи ги вмрежува студентите ширум Европа за да разменуваат идеи и да слават различни култури.
,,Во 2024 година се враќаме на корените, на Дионис, силата на трансформацијата, колективното единство и славењето. Годинава СКОМРАХИ нѐ повикуваат да пронајдеме ПОИНАКОВ НАЧИН ДА СЕ БИДЕ. Со ѓаволеста насмевка на лицето, Дионис нѐ повикува да се здружиме, прегрнувајќи ги нашите различности, нашите посебности и нашите противречности. Нѐ охрабрува да им се предадеме на лудоста и непристојноста, да излеземе од своите тела, од себеси, да останеме отворени и ранливи за да стасаме до потполна екстаза, за да се спасиме. Придружете се во ДИОНИЗИЈАТА СЕГА за да ги славиме вистинската поврзаност и заедништвото. Ајде, танцувајќи страсно и пеејќи гласно, низ ова свечено заедништво да стасаме до колективното ослободување” велат од Скомрахи
Ова 32 издание на СКОМРАХИ е поддржано од Europe House Skopje, УКИМ и Министерство за култура на Република Северна Македонија.