30 години културна соработка меѓу Македонија и Кина

Македонија и Кина имаат големи можности за соработка на полето на култура. Двете земји во изминатите 30 години имале постојано соработка на ова поле, но оваа соработка би се зацврснала доколку постои континуитет и правец во тој би се движел тој континуитет.

Ова беше заклучено на неодамнешната средба на македонски новинари со кинеската делегација предводена од заменик-амбасадрот на Народна Република Кина, Ју Хонгјун по повод 30 години соработка меѓу двете земји. Хонгјун рече дека нашата земја има долга и богата историја со голем диверзитет, која паралелно се развивала со Грчката и Римската цивилизиција.

– Кина ја разбира и поддржува определбата на вашата земја во приближувањето кон Европа и потребата од членување во Европската Унија – рече Хонгјун.

Македонските новинари посочија дека можна е соработка на полето на културното заследство, неговото истражување и заштита. Во античкиот град Стоби летово се одржа Меѓународна школа за археологија на која учествуваа студенти и волонтери од повеќе земји, мешу кои и од Кина. Бидејќи двете земји имаат вековна историја и култура, имаат потенцијал за соработка и размена на искуства и практики.

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е прилично активен во Македонија. Ова е еден од ретките институти кои обезбедуваат бесплатно учење на странски јазик, а наменет е за деца и за возрасни. Институтот одбележува и многу настани кои се значаен дел од кинеската култура. Од друга страна Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ интензивно се работи на отворање на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот за странски јазици во Пекинг. Тоа дополнително би ја зајакнало соработката во оваа област.

На полето на литературата, има издавачи во РС Македонија кои објавуваат кинески книги на македонски јазик. Така, книгоиздавателството „Македоника литера“ на македонски јазик објавува многу книги од кинески автори, претежно од филозофи и книги за медицина, но најчесто преводите се од англиски на македонски јазик. Традиционално, секогаш е подобро кога преводите се прават директно, од матичниот јазик на кој е напишана книгата. Изданија на „Македоника литера“ на македонски јазик годинава беа претставени на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, на штандот на издавачот „Делфин книги“ од Пекинг. Присутните заклучија дека соработка постои, но таа може да се зајакне и на полето на визуелните уметности и на сценската уметност.

Голема можност за соработка има и на полето на образованието, особено што Македонија со години се соочува со проблеми во концептите и програмите за основно и средно образование. Низ изминатите децении се направени неколку големи образовни реформи, но без голем ефект. Од друга страна, учениците од Кина најчесто се на врвот на сите листи на меѓународни натпревари и пикажуваат врвни знаења и компетенции.

Хонгјун заклучи дека можна е поголема соработка мешу двата народа на сиве овие полиња. Во однос на образованието, тој посочи дека иако Европа има различен и поинаков концепт на образование, сепак го прошируваат видикот и кон начинот на учење на другите култури. Така, Обединетото Кралство покрај стадардните материјали за основно образование во изминатите години превеле многу кинески учебници по математика на англиски јазик. Тој концепт може да се преземе и во нашата земја бидејќи патот на преводот е веќе олеснет.

Присутните заклучија дека соработката на институциите во двете земји понекогаш е поспора поради одредени политики на двете земји, но и во такви случаи големи се можностите за соработка на ниво на невладин сектор и граѓански здруженија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни