Живот и образование
Славко Јаневски е роден во Скопје во семејство кое го негувало духот на македонската култура. Основното и средното образование ги завршил во својот роден град, каде што го стекнал првиот допир со уметноста и книжевноста. Средното техничко училиште што го посетувал го насочило кон практичното и творечкото, а љубовта кон пишаниот збор се зацврстила низ годините.
Во текот на Втората светска војна, Јаневски заминал за Белград, каде што го продолжил своето образование, но и активно се вклучил во антифашистичката борба. Како припадник на Козјачката партизанска бригада, тој ја негувал својата љубов кон зборот и ја ставил во служба на народот.
Литературно творештво
Славко Јаневски е автор на неколку значајни дела кои го поставуваат темелот на современата македонска литература. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман напишан на стандарден македонски јазик, дело што го означува раѓањето на македонската проза. Со ова дело, Јаневски ги отвори патиштата кон новите изразни можности во македонската книжевност.
Покрај романите, Јаневски има создадено и бројни збирки поезија, есеи, сценарија за филмови и литературни дела за деца.
- „Глуви команди“ – збирка раскази.
- „Евангелие по Итар Пејо“ – сатиричен роман кој го оживува македонскиот фолклор преку модерна проза.
- „Кучешко распетие“ – роман кој ја истражува човечката природа.
- „Легионите на Свети Адофонис“ – дело кое го рефлектира неговиот уникатен стил и длабокиот увид во македонската култура.
За да го почитуваме и се сеќаваме на овој извонреден творец, во паркот “Жена-борец” во Скопје, на местото каде што се наоѓала куќата на Славко Јаневски е поставен споменик изработен од талентираниот академик Томе Серафимовски. Оваа статуа, како вечен знак за признавање на Јаневски и неговиот придонес во македонската култура, го привлекува вниманието на сите кои поминуваат оттука.
Основањето на Фондацијата Славко Јаневски која ја доделува наградата „Роман на годината“ е знак на длабока почит и продолжување на литературното наследство на овој извонреден писател. Фондацијата, освен што го задржува и чува делото на Јаневски, го поддржува истражувањето и развојот на македонската книжевност, посебно во областа на романското пишување.
Истражување и чување на македонската литература по Втората светска војна е израз на почит и посвестеност кон богатството на културниот и националниот идентитет. Историските периоди како 1950-тите и 1960-тите години беа време на важни трансформации и креативни напори во македонската литература, а талентираниот Славко Јаневски, како и други доајени, имаа критична улога во поддршката и инспирацијата на новите поколенија писатели.
Јаневски и неговите современици, преку своите творби и поддршка кон младите литературни таленти, го ставаа основниот камен во градењето на современата македонска литературна сцена.
Данило Коцевски, навраќајќи се на ликот и делото на Славко Јаневски, има напишано: „Славко Јаневски во разговорите и кажувањата секогаш беше луциден, духовит, со свој специфичен, неконвенционален агол на гледање на нештата. Имавте впечаток дека тој стои над секоја ситуација и дека духовно ја владее.“
Уметничко наследство
Покрај книжевноста, Јаневски се занимавал и со сликарство. Неговите дела, полни со боја и симболика, го отсликуваат неговиот талент да ја долови суштината на животот преку различни уметнички медиуми. Во 2018 година, изложбата на неговите слики во Скопје ја истакнаа неговата мултидимензионалност како уметник.
Јаневски е познат и по неговото сликарство кое се карактеризира со провокативен, надреалистички стил.
Академик Влада Урошевиќ на минатогодишното примање на наградата Роман на годината за неговото пријателство со Славко Јаневски ќе каже: „И покрај разликата во години (и разликата во припадноста на маалата – јас сум Дебармалец, а Славко беше Новомалец, неговата куќа беше на педесетина чекори од местото каде што денес се издига неговиот споменик во паркот Жена-борец), можам да речам дека многу добро се разбиравме кога се сеќававме за некогашното, предвоено Скопје, кога се навраќавме кон дамнешната лектира на детството – стриповите за Тарзан, за Флаш Гордон и за Принц Валијант, кога, разговарајќи за сликарството, се одушевуваме со делата на старите мајстори – Хиеронимус Бош и Питер Бројгел Постариот, но и со визиите на сликарите од големата епоха на надреализмот – Макс Ернст, Рене Магрит и Салвадор Дали“.
Писателот Славко Јаневски го нацртал и напишал првиот македонски стрип во 1940 година
Славко Јаневски, познат и како првиот македонски автор на стрип, претставува значаен дел од историјата на македонскиот стрип. Неговиот стрип, насловен “Куќа и детективи”, е објавен 1940 во српското списание “Микиево царство”. Следната година, по Втората светска војна, Јаневски станал автор и на првиот македонски стрип, “Еден бункер падна”, кој бил објавен во 1945 година во младинската периодична публикација “Пионер”.ж
Јаневски бил автор и на првиот македонски стрип со историска личност како јунак, тоа е „Крале Марко и орелот“, објавен во списанието Стрип книга, исто така во Србија.
Јаневски е еден и од основачите на Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена: Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател на Друштвото. Тој бил член на Македонскиот ПЕН центар, претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.
Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на неколку филмски сценарија.
Неговото влијание
Славко Јаневски е основач на повеќе значајни институции и иницијативи во македонската култура. Како прв главен уредник на списанија како „Современост“ и „Остен“, тој активно го поддржувал развојот на македонските млади автори. Во 1967 година, станал член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), каде што продолжил да придонесува кон научната и уметничката мисла.
Празнување на неговото дело
На вчерашниот ден се одбележа 105-годишнината од неговото раѓање, а оваа година ќе се посвети на славење на неговото наследство низ книжевни манифестации, изложби и научни конференции. Неговата филозофија, вкоренета во љубовта кон македонскиот јазик и култура, останува вечна инспирација за генерации.
Славко Јаневски не е само автор и уметник – тој е еден од темелите на македонскиот културен идентитет.
Легендите не смее да се забораваат!
Неговата поезија се карактеризира со длабоки емоции кои не оставаат никого рамнодушен:
ЈАЗИК
Кога главата ќе ти се стркала
и устата ќе ти се отвори
за нечујна воздишка
јазикот умно се подава
да ѝ ги излиже раните на земјата.
Со свој мелем дрвјата ги лекува
со свој мов каменот за топлина го обвива
со своја благост соленото море го смирува.
Како појас континентите ги обвива.
Кога ќе се наскита
се враќа кон своите корења
обогатен со мудроста на вечната смиреност
за да помолчи
на хебрејски
на ерменски
или на македонски.
Сеедно, љубов моја,
на сите јазици јазикот еднакво молчи.
Така и молчењето си го премолчува.