21 прекршок за компании и физички лица кои превезуваат патници и стока

Државниот инспекторат за транспорт извршил 138 инспекциски контроли во последните три дена, при што открил неправилности кај 21 правно и физичко лице.
Фото: ZidaneHartono, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

За овие прекршоци биле изречени соодветни казни, а случаите ќе бидат пренесени на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за понатамошно постапување.

Инспекторатот ги објави компаниите за кои биле утврдени неправилности: Дурмо турс од Гостивар, Дени интернационал од Илинден, Свис мак алигега од Гостивар, Зем промет од Сарај, Словин Билјана од Охрид, Бис од Охрид, Пештер ДОО од Чаир, Димитриоски од Гази Баба, Хисари-ГД од Дебар, Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар. Покрај нив, неправилности се откриени и кај 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки.


Од утре, инспекторите започнуваат со интензивни инспекциски контроли кои ќе вклучуваат проверка на документи, како лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност, тахографи и надзор на безбедноста во сообраќајот, како и спречување на нелегален превоз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни