Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на денот ќе бидат сослушани најмалку 20 лица за да се утврдат „сите суштински елементи на кривични дела и кривична одговорност“ за несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Во вчерашната несреќа падна настрешницата пред влезот на главната железничка станица во овој град настрадаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Според соопштението на Вишото обвинителство, меѓу другите, ќе бидат сослушани претставници од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, надлежниот министер Горан Весиќ, претставници од Железници Србија и Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад, како и други лица.
„Помеѓу другите одговорни лица од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорни лица од АД „Железница Србија“, одговорни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ претходно денеска најави дека од новосадската полиција бил информиран дека се на пат за Белград за да ја одземат документацијата од министерството надлежно за тоа, за транспорт и градежништво.
– Министерот ќе даде изјава и до полицијата, директорот на железницата и сите останати. Ми кажаа дека обвинителството им дало список од 20 лица кои треба да дадат изјава – изјави Дачиќ.
Тој нагласи дека јавноста мора да биде убедена дека секој што е одговорен за оваа несреќа ќе одговара.
– Нема да бегаме од утврдување на одговорноста кој е виновен за ова. Но, сега треба да тргнеме од тие факти – посочи Дачиќ.