18 загинати во пожари во Јужна Кореја, уништени стотици објекти, вклучително и 1.300 години стар будистички храм

Силните ветрови повторно ги разгореа пожарите во јужните делови на Јужна Кореја, кои веќе пет дена ја пустошат земјата, одземајќи 18 животи, уништувајќи над 200 објекти и принудувајќи 27.000 луѓе на евакуација, соопштија официјалните власти.
epa11988722 Smoke rises from the remains of burnt-out Gaunru Pavilion, designated as a national treasure from the Unified Silla Dynasty (668-918), at Goun Temple in Uiseong, North Gyeongsang Province, southeastern South Korea, on 26 March 2025, after it was engulfed by a wildfire the previous day. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Премиерот и вршител на должност претседател на Јужна Кореја, Хан Дук-су, изјави дека пожарите предизвикале „невидена штета“ и побара од надлежните институции да се подготват за „најлошото сценарио“, пренесе новинската агенција Yonhap.

Во обид да се изгаснат пожарите, хеликоптер се урна во југоисточниот град Уисонг, при што загина пилотот. Поради несреќата, Корејската шумска служба ги суспендираше сите операции со хеликоптери низ земјата.


Пожарите зафатиле илјадници хектари и историски објекти

Градските власти во Андонг и други југоисточни региони наредија евакуација на населението додека пожарникарите се обидуваа да ги стават под контрола пламените јазици разгорени од сувите ветрови. Огнената стихија проголта над 17.400 хектари земја (43.000 акри) и уништи стотици згради, меѓу кои и будистичкиот храм Гоунса, стар 1.300 години.

Министерството за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја соопшти дека повеќе од 5.500 луѓе морале да ги напуштат своите домови во градовите Андонг, Уисонг, Санчонг и Улсан, каде што пожарите беа најинтензивни.

Претходно, властите изјавија дека успеале да ги изгаснат повеќето пожари, но сувите и ветровити временски услови повторно ги разгореа пламените јазици.

„Пожарот во Уисонг, кој е само 68% ставен под контрола, се шири со неверојатна брзина“, изјави Ли Бјунг-ду, експерт за шумски катастрофи од Националниот институт за шумски науки.

Климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари

Климатските промени значително го зголемија ризикот од шумски пожари ширум светот, особено во Јужна Европа, Северна Евроазија, САД и Австралија. Според научните истражувања, пожарите се сè почести и во Јужна Кина, а глобално, сезоната на шумски пожари е продолжена за две недели во просек.

Околу 9.000 пожарникари, повеќе од 130 хеликоптери и стотици возила беа ангажирани во борбата против огнената стихија, но дел од операциите беа прекинати преку ноќ поради силните ветрови.

Во Уисонг, покрај уништувањето на храмот Гоунса, властите наредија евакуација на неколку села и на студентите од Универзитетот Андонг. Некои од националните богатства, меѓу кои и камената статуа на Буда, беа евакуирани пред пожарот да ги зафати дрвените згради на храмот.

Пожарот стигна и до крајбрежниот град Јонгдок, каде што властите затворија патишта и наредија евакуација на жителите од најмалку четири села. Според локалните извештаи, Министерството за правда започнало со евакуација на 2.600 затвореници од затвор во Чеонгсонг, кој се наоѓа во близина на пожарите, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни