15 пожари беснеат во земјава утрово, 7 од нив се под контрола

Активни се 3, под контрола 5, а згаснати 7 пожари

На територијата на Република Северна Македонија има вкупно 15 пожари на отворен простор, јавуваат од Центарот за управување со кризи.

Активни се 3, под контрола 5, а згаснати 7 пожари.

Актицни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација). Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид – со краци према с. Градешница (Опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума).

Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација).

Под контрола Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Македонски Брод: с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума), Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева), Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума), Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума); општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце – пожарот се ширеше кон с. Димонце и с. Коњух (Опш. Кратово), каде беа загрозени куќи и објекти (ниска вегетација); Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума); Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Општина Петровец: с. Средно и с. Долно Коњаре (мешана шума); Општина Петровец: Катланово (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума);

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни