ЕУ и Обединетото Кралство склучија трговски договори со САД во период од скоро три месеци, воведувајќи нови царини на нивниот увоз.
Според Комисијата, ЕУ добила подобар договор.Иако договорот што ЕУ го склучи со САД, со воведување царина од 15 отсто на стоката од ЕУ, изгледа помалку поволен од британската единствена царина од 10 отсто, официјални лица од Европската комисија тврдат дека нивниот договор во целина е подобар, пишува Euronews.
15 отсто е најдобрата достапна третманска стапка“, изјави еден висок функционер на ЕУ оваа недела, мислејќи на стапката по која САД ќе царинат стока од ЕУ.„Доколку сакате да го споредите со британскиот договор, прво треба да се напомене дека тие 10 отсто не се севкупна стапка“, додаде функционерот.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД Доналд Трамп постигнаа политички договор на 27 јули во Шкотска за да ги прекинат трговските тензии кои траат од средината на март.
Договорот предвидува царина од 15 отсто на целиот увоз од ЕУ и стапи на сила на 7 август, додека преговорите за исклучоци и и други прашања продолжуваат.
Од друга страна, Обединетото Кралство на 8 мај склучи договор со САД под називот Договор за економски просперитет САД-ВБ (EPD), со кој се утврдува царина од 10 отсто на увозот на британска стока во САД.Севкупна стапкаСепак, според функционер на ЕУ, стапката од 10 отсто во договорот САД-ВБ не ги вклучува постојните американски царини на британска стока, т.н. стапки на најповластена нација (MFN), кои САД ги применуваа на увозот од странски земји пред новата царинска политика.
Севкупна стапкаСепак, според функционер на ЕУ, стапката од 10 отсто во договорот САД-ВБ не ги вклучува постојните американски царини на британска стока, т.н. стапки на најповластена нација (MFN), кои САД ги применуваа на увозот од странски земји пред новата царинска политика.
„За разлика од другите трговски партнери на САД, оваа стапка од 15 отсто за ЕУ ги вклучува постојните MFN стапки, што значи дека нема дополнителни царини над тој праг“, рече портпаролот на Комисијата Олоф Гил за договорот ЕУ-САД.
Ако се одземе просечната царина на САД од 4,8 отсто која важеше до тогаш за стока од ЕУ од актуелните 15 отсто, ефективната царина за ЕУ се приближува до британските 10 отсто.
Истиот висок функционер на ЕУ наведе конкретен пример со сирење, „важен производ за ЕУ, но и за ВБ“. Во ЕУ ќе се применува царина од 15 отсто на сирење, додека во ВБ тоа ќе биде 10 отсто плус 14,9 отсто царина која веќе се применува на тој производ, што вкупно изнесува 24,9 отсто.„Секако, и потполно транспарентно, некои производи можат да имаат малку пофаворизирачки третман за британските извозници“, призна функционерот и додаде
дека „постојат многу производи кои во целина ќе бидат во подобра позиција“.Доколку САД го почитуваат договорот од 27 јули, царината од 15 отсто треба да се применува на целата стока од ЕУ, вклучувајќи полупроводници, фармацевтски производи и автомобили, рече Гил во четврток.
„Тоа не е нешто што ВБ, барем не официјално, го доби до денес“, додаде функционерот на ЕУ.Осетливи земјоделски производи
Кога станува збор за автомобили, британскиот договор предвидува дека извозот на британски автомобили во САД ќе биде царинен по стапка од 10 отсто само до квота од 100.000 возила годишно, додека над таа квота САД ќе почнат да применуваат царина од 25 отсто.
Комисијата од своја страна соопшти дека обезбедила стапка од 15 отсто на автомобили без квота, што значи дека неограничен број возила може да се увезуваат по таа стапка. Сепак, до денес САД ја немаат исполнето таа обврска, па на автомобилите од ЕУ се уште им се применува царина од 25 отсто.
Комисијата исто така е горда што не дала отстапки што ВБ ги дала во осетливите земјоделски сектори како што се говедско месо и етанол.
Во врска со говедското месо, британскиот договор предвидува преференцијална квота без царина за американско говедско месо од 13.000 тони годишно и укинување на постоечката британска царина од 20 отсто. За етанол, ВБ се обврзува на преференцијална квота без царина за американскиот етанол од 1,4 милијарди литри годишно.
За ЕУ, давање отстапки во овие осетливи сектори не е опција.
„Европската унија нема да дава обврски во осетливи сектори. На пример, етанол и говедско месо“, рече функционерот.