Масовниот протест на студенитите и граѓаните под насловот „Наше право да знаеме се“ вчера вечер собра неколку илјади луѓе пред РТС во Белград, создавајќи незаборавна слика на солидарност. Во текот на 15 минути тишина, учесниците ги вклучија блицевите на своите мобилни телефони, симболично обидувајќи се да ја изгасат медиумската темница и да оддадат почит на настраданите во Нови Сад.
Протестот пред РТС собра најголем број граѓани и студенти во последните 10 години. Тие испратија јасна порака до властите. Борбата за правдата, слободата на медиумите и правото на информации продолжува, а протестите стануваат се појакни.
Оваа сцена, снимена од дрон, испрати силна порака на обединета Србија која сигурно ќе го обиколи светот.