15. издание на Биенале на млади уметници, курирано од уметницата и кураторка Нада Прља и кураторот и едукатор Себастијан Чичоцки, ќе се отвори на 18 ноември 2025 година (во МСУ – Скопје) и на 28 ноември 2025 година (во Музејот на Македонија и ОУ Ј.Х. Песталоци), развивајќи се низ четири поглавја што ги одразуваат промените на годишните времиња.
Поглавје 1. насловено како Утрото започна вчера со куратори: Нада Прља во соработка со Себастијан Чичоцки
Поглавје 1.1
Локација: Музеј на современата уметност – Скопје
Отворање: 18.11.2025 at 19:00 со перформанси на Сергеј Калеников, Јулија Кастелучи и Кристина Таневска
Траење на изложбата: 18.11.2025 – 28.11.2025
Учесници: Џемилиана Абдулова (Скопје), Бетул Аксу (Измир/Лондон), Ренеа Беголи (Приштина), Ангела Бошевска (Битола/Скопје), Ѓорѓи Десподов (Прилеп/Хаг), Наталија Гучева (Скопје/Гент), Драгана Заревска (Кратово/Прага), Јулија Кастелучи (Белград/Милано), Сергеј Калеников (Скопје), Габриела Кичор-Бентковска (Варшава), Ана Лазаревска (Скопје), Изабела Левенска Миљаниќ (Скопје), Милчо Манчевски и 1AM Group (Скопје) [посетување на првото БМУ од 1987 година], Јана Николоска (Скопје), Марина Саковска (Познањ), Душан Стефановски (Скопје) и Кристина Таневска (Скопје).
Изложбата ги истражува начините и процесите преку кои емоциите и интимноста се создаваат, изразуваат и доживуваат во рамките на визуелната и социјалната естетика на современиот живот. Таа се фокусира на тоа како новите кодови кои циркулираат во младинската култура го обликуваат нашето поимање на поврзаноста и личното изразување денес. Оттаму, преку дела кои црпат инспирација од детството или адолесценцијата, вклучувајќи музика, гејминг, аниме и други форми на пост-дигитални визуелни јазици, уметниците го испитуваат начинот на кој современите млади генерации ги конструираат и дефинираат чувствата во секојдневието. Изложбата обединува различни гласови кои ги предизвикуваат стереотипите и воведуваат нова слика на реалноста, реалност која веќе започна, и тоа вчера.
Изложбата во МСУ – Скопје (поглавје 1.1) е структуирана првенствено од дела на уметнички, кои се осврнуваат на теми карактеристични за женските искуства: несигурната и подредена положба на жените во патријархалното општество, рефлектирано во делото на Марина Саковска, или отпорот кон Grind Culture* прикажан во инсталацијата на Заревска и Десподов, до искуството на созревање во заедниците занемарени од „другите“, реферирано во делото на Абдулова. И покрај очигледниот пристап кон покласичните уметнички техники, како што се сликарството и цртежот, делата се спротивставуваат на конвенционалните структури и вредности, прифаќајќи ја емоционалната нестабилност и неизвесноста како нераскинливи состојби на современоста.
Како што вели една од учесничките, Наталија Гучева, опишувајќи го своето перформативно дело: „Создадено за да ги предизвика традиционалните општествени норми, делото нуди алтернативи во градењето на светови втемелени во шпекулацијата, создавајќи нова основа за колективно размислување“ кое го остварува и самата изложба.
Поглавје 1.2
Локација: Музеј на Македонија
Отворање: 28.11.2025 во 19:00 часот, со перформанси на Крсто Глигорјадис и Сергеј Калеников и со колаборативен проект на Марија Трпеска и Стефан Анчевски
Траење на изложбата: 28.11.2025 – 12.12.2025
Учесници: Крешник Арифи (Приштина), Ѓорѓи Десподов (Прилеп/Хаг), Естебан Девињо (Сен-Етјен/Париз), Мила Гавриловска (Скопје), Крсто Глигорјадис (Скопје), Ана Ликар (Љубљана/Франкфурт на Мајна), Милчо Манчевски и 1AM Group (Скопје) [посетување на првото БМУ од 1987], Марија Трпеска (Скопје) и Стефан Анчевски (Куманово), Марго Саркісова (Покровськ/Грац) и Марина Саковска (Познањ).
Поглавје 1.3
Локација: ОУ Ј.Х. Песталоци
Изложбата е наменета исклучиво за учениците и не е отворена за јавноста.
Траење: 28.11.2025 – 12.12.2025
Учесници: Ренеа Беголи (Приштина), Елена Димоска Николоска (Прилеп), Никола Ефремов (Скопје), Саре Ќерими (Скопје) и Марго Саркісова (Покровськ/Грац).
Поглавје 1.4
Долгорочни проекти на различни платформи и во јавни простори
Траење: 28.11.2025 – 28.11.2026
Учесници: Колектив „Бостание“ (јавна градина), Мила Гавриловска (фото архива), Изабела Левенска Миљаниќ (јавна и онлајн архива) сите од Скопје и ДНЛМ (јавна уметност) од Љубљана.
