Скопје е почесен домаќин на годинешното светско првенство во латино танци, на коешто учествуваат над 1450 танчери од 17 различни земји во светот, а истите се натпреваруваат во повеќе категории.
Првенството почнува денеска во Арената „Борис Трајковски“, а ќе трае шест дена, до 23.11. Организаторите најавуваат спектакл за сите љубители на танцот.
Овој настан од глобален размер, ќе го надополни и фестивалот за танци “Денс офф ” кој како фестивал со 10 годишна традиција оваа година ќе угости над 1800 натпреварувачи од 25 клубови од регионот.