13 години од смртта на Ејми Вајнхаус – од музичка бунтовничка до Клубот 27

Фото: Rama, CC BY-SA 2.0 FR, via Wikimedia Commons

Поминаа 13 години од смртта на Ејми Вајнхаус, која со 27 години живот и два алмуба, остави значајно музичко наследство со нејзината сирова и оригинална емоција изразена низ нотите.

Нејзиниот живот беше вистински ролеркостер – ја пратеа дрогата и алкохолот, бурните врски и блицовите на папараците. Ејми, сепак, најмногу се бореше против Ејми, поради што на крајот стана и најпознатата трагичарка на првата деценија од 21 век, пишува РТС.

Таа го прекинала снимањето на дуетот „Body and Soul“ со легендарниот американски поп и џе пејчар Тони Бенет велејќи дека била грозна и кажувајќи му да не губи време. Сепак, Бенет во тие моменти сфатил за каков музички талент се работи и колку е таа срамежлива и несигурна.

„Ејми имаше дарба. Беше природна, вистинска џез пејачка. А џез уметникот не сака 50 илјади луѓе во публика“ изјави Бенет неколку месеци пред нејзината смрт на 23 јули 2011 година.

Ејми влезе во музичкиот свет во тинејџерските години преку локални џез бендови, а светска слава стекна со само два студиски албума и неколку синглови. Сепак, медиумското внимание изгледаше дека ѝ е клетва, поради која и брзо падна.

Нејзиниот прв албум „Frank“ објавен во 2003 година го снимила на само 19 години, а насловот е по еден од нејзините музички идоли, Френк Синатра. Албумот не постигна голем комерцијален успех, но стекна култен статус.

Три години подоцна, вториот албум „Back to black“ го трасираше нејзиниот пат во музичкиот врв со песните „Rehab“ и „You know I’m not good“. Освои пет Греми награди и стана еден од најпродаваните во историјата на британската музичка сцена. Ширум светот овој албум продаде над 16 милиони примероци.

Распонот на нејзиниот глас, технички импресивен, со стилот кој беше мешавина на соул, џез и блуз, ја направија Ејми една од највлијателните и најсакани уметнички ширум светот. Таа имаше и автентичен моден стил, инспириран од ретро естетиката на 50тите и 60тите години. Асоцијацијата за неа се истапирана црна коса и висока пунџа, но многумина не знаат дека нејзината фризура настанала спонтано.

Алекси Фиден, фризерот на Ејми, наводно во една прилика ѝ ја истапирал косата и ја подигнал високо за да ја насмее, но на пејачката ѝ се допаднал тој стил.

Црниот ајлајнер со дебела линија, исцртан надвор од ивиците на очите, исто така, беше нејзин симбол, додека бројните тетоважии имаа цел да покажат дека се работи за цврста девојка.

Највпечатлива беше тетоважата на пинап девојка на нејзиното лево рамо, која беше посветена на нејзината баба Кинти. Често носеше и ретро и романтични фустани, со впечатлив накин, вклучувајќи и крупни обетки и алки, комбинирајќи ги со балетанки или салонки со високи потпетици.

Од друга страна, бурните врски, алкохолот, дрогата – или со еден збор самоуништувањето, ја вклучија популарната британска пејачка со еврејско потекло во неславниот Клуб 27.

„Членови“ на овој клуб се музичари кои починале на 27 години, поради што тој е симбол на губењето на млади таленти поради дрога, алкохол, притисок од славата и ментални проблеми. Ејми не е ни првата, а за жал, ни последната од редот на светските ѕвезди кои паѓаат во зависности, пишува РТС.

„Јас сум својот најголем непријател, знам што сакам, но понекогаш сум склона да правам погрешни избори“ вака Ејми ги опишуваше внатрешните борби, кои често ја засенуваа нејзината музика.

Неколку години пред смртта Ејми изјави дека нејзе ѝ лежи само пеењето и дека за тоа е добра, при што побара да ја остават на мира за да може да го прави тоа, да создава музика.

Постариот брат на Ејми, Алекс, вели дека пејачката не ја убиле дрогата и алкохолот, како што сите заклучија, туку булимијата, која, според него, го скршила нејзиното тело, ѝ го уништила имунитетот и довела до тоа да труењето со алкохол да биде причина за смртта.

Медиумите, истовремено, истражувајќи го нејзиниот живот по смртта, зборуваа за болестите и зависностсите, но булимијата многу малку ја истражуваа. Во филмот Ејми од 2015 година, кој освои Оскар за најдобро документарно остварување, само се констатира дека не ги лечела промените во исхраната.

Даркус Бис, извршниот директор на издавачката куќа „Ајланд рекордс“, сепак открива дека Ејми на паузите од снимањето на една песна, за ручек изела голема количина храна и десерт, а потоа излегла на 45 минути и се вратила зашеметена.

„Менаџерката на студиото ме повика и ми рече ‘ова мора да го видиш’. Ме однесе во женскиот тоалет каде што се беше неуредно“ се потсети Бис.

Џенис Вајнхаус, мајката на Ејми, која е фармацевтка, исто така признава дека не обрнувала доволно внимание кога Ејми на 15 години ѝ рекла дека има „одлична“ диета, односно јаде се што сака, но потоа го повраќа.

„Очигледно не обратив многу внимание на тоа. Мислев дека ќе ѝ помине. Тоа му го кажав и на нејзиниот татко, но и тој не го сфати сериозно. Тоа беше булимија, која не поминува“ вели Џенис.

Фановите на Ејми остануваат на ставот дека нејзиниот пад започна во 2005 година кога во Лондон го запознала Блејк Филдер-Сивил, кој ја „запознал“ Ејми со шприцот и хероинот и станал клучна фигура како инспирација за нејзините песни.

Ејми и Блејк се венчаа во 2007 година во Мајами, а нивниот брак беше турбулентен и краток, завршен по само две години, откако тој отиде во затвор. Блејк во 2013 година раскажа дека за нејзината смрт дознал од затворските чувари.

„Ми ја покажаа вестта на Би-Би-Си. Се скршив во тој моемнт и не можев да престанам да плачам, а потоа мораа да ме вратат во ќелијата“ рекол Блејк, кој и ден денес е најомразената личност во очите на фановите на Ејими.

Контроверзниот пар се обидувал заедно да се откаже од дрогата, иако лекарите ги убедувале лечењето да биде одделно. Вака, рехабилитацијата секогаш завршувала со нивно заедничко бегство.

Песната „Rehab“, со препознатливиот рефрем во која Ејми вели „не, не и не“ на одвикнувањето од дрога, стануваше се послушана со секое бегство од рехабилитација на Ејми, а денес 18 години подоцна песната има повеќе од 300 милиони прегледи на Јутјуб.

Сензационалистичкото и негативно известување на медиумите и неконтролираното следење од папараците многу ја вознемируваа Ејми за време на нејзините најтешки денови.

Иако во 2009 година таа ги доби на суд медиумите поради кршењето на приватноста и вознемирување, демнењето не запре, па Ејми ги преземаше работите во свои раце, бркајќи ги фоторепортерите, што само влијаеше за нејзинатаа лоша слика.

„Пијана, разуздана, пропадната“ беа ударните наслови во таблоидите со фотографиите од Ејми во многу компромитирачки ситуации.

И не само тоа, од документарниот филм се гледа дека и нејзините менаџери и блиски ја искористувале за финансиски бенефит.

Последниот настап на Ејми беше на 18 јуни 2011 година во Белград, еден месец пред Ендру Морис, нејзиниот телохранител да ја пронајде без знаци на живот во нејзиниот стан во Лондон.

Настапот во Белград требаше да биде нејзиното големо враќање, но стана токму спротивното – се појави на сцената во зелено-црн фустан со принт на бамбус и доцнеше цел час.

Публиката наместо да ужива во хитовите, разочарано присуствуваше на мачни сцени и неможност на пејачката да ги испее песните, а нејзиниот менаџмент потоа ја откажа европската турнеја за да може таа да се опорави.

Ејми со тој настап даде отказ од светот на музиката, а тоа беше пропратено со свирежи од публиката во Белград.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни