120 обвиненија за Шон „Диди“ Комбс, најавени уште неверојатни 3000!

Шон „Диди“ Комбс, хип-хоп моќникот кој беше уапсен минатиот месец , сега се соочува со уште повеќе обвинувања за недолично сексуално однесување.

Како што известува Гардијан, во вторникот, Тони Базби, адвокат од Тексас, открил на прес-конференција дека тој претставува 120 обвинители кои тврдат дека Комбс се однесувал недолично во текот на две децении. „Ќе ги разоткриеме оние кои го овозможија ова однесување зад затворени врати. Ќе го следиме овој случај без оглед на тоа кого ќе го инкриминираат доказите“, рече Базби на прес-конференцијата.

„Најголемата тајна во индустријата за забава, која всушност не беше тајна, конечно е откриена на светот. Ѕидот на молчење сега е скршен.“ Ендру Ван Арсдејл, еден од адвокатите на тужителите, изјави за Вашингтон Пост дека претстојните тужби се „без преседан по обем“ и вклучуваат обвинувања од мажи и жени, кои биле на возраст од девет до 38 години во времето на наводните напади.

Ван Арсдејл додадава дека ќе бидат поднесени 120 индивидуални тужби во Њујорк, Лос Анџелес и Мајами во наредните недели. Во неговиот преглед на претстојните тужби, Базби рече „многу моќни луѓе … многу валкани тајни“.

Тој додаде дека неговиот тим има „собрано слики, видеа, текстови“. Адвокатот рече дека повеќе од 3.000 лица се обратиле во неговата канцеларија со обвинувања против Комбс и дека планира да започне со поднесување тужби во различни држави.

извор: Гардијан

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни