12-та „Охридска визита“ на ВИС Билјана

По дванаесетти пат ВИС Билјана ја одржа својата традиционална „Охридска визита“ на која младите музичари ги штитат од заборав староградските песни.

Ова издание на „Охридска визита“ за прв пат се одржа во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, а покрај уживањето во звуците на ВИС Билјана, специјална гостинка на концертот беше и Вера Милошевска Јосифовска- од групата Љубојна.

Како што наведуваат од групата, првата „Охридска визита“ била организирана пред 12 години со цел да се прослават шеесет години од формирањето на Ансамбл Билјана, по што овој концерт стана традицијата за групата.

ВИС Билјана се наследници на стариот трубадурски бенд од Охрид Ансамбл Билјана, а оваа година тие прославија и 15 години постоење. Членовите на бендот велат дека во овие 15 години постоење ја постигнале целта која ја имале, односно да се чува и негова староградската песна, но и да се всадува љубовта за неа кај младите генерации.

Групата има осум постојани членови, но за нивните настапи често приклучуваат и член плус со нов инструмент со цел да се збогати звукот.

Најново

Последни колумни