Бројот на цивилни жртви во Иран расте над 1.000

HRANA наведува дека меѓу жртвите има најмалку 181 дете помладо од 10 години, а над 5.400 лица се повредени

Повеќе од 1.000 цивили загинале во Иран од 28 февруари досега, покажуваат податоците на американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency (HRANA), пренесува BBC.

Според организацијата, во нападите досега загинале 1.097 цивили, меѓу кои 181 дете помладо од 10 години.

Вкупниот број повредени цивили достигнал 5.402 лица, а меѓу нив има и околу 100 деца, се наведува во извештајот.

Според податоците на HRANA, само во последните 24 часа биле регистрирани најмалку 104 напади.

Организацијата наведува дека нападите погодиле различни цели, меѓу кои воени бази, медицински центри и станбени населби.

Податоците не можат независно да се потврдат, но доаѓаат во момент на интензивирање на конфликтот и зголемен број цивилни жртви во земјата.

Меѓународните организации за човекови права повикуваат на поголема заштита на цивилното население и на независни истраги за нападите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни