„100 илјади поети за промена“ 14. пат во Струмица

Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на проф. Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена

Денес со почеток во 19:00 часот во НУ Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј – Струмица, глобалното движење „100 Thousand Poets For Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира 14 издание на поетската манифестација „100 илјади поети за промена.“

Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на проф. Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети.

На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници.

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни