Повеќе од 100 илјади луѓе, според проценките на полицијата, денес го преплавија Белград на повик на студентите во блокадата на протестот „15. за 15″, барајќи одговорност за 15-те жртви од падот на надстрешницата во Нови Сад.
Студенитите и граѓаните пристигнуваа од правец на Автокоманда, Булеварот Крал Александар, плоштадот на Републиката и кружниот тек на Нов Белград кај општината. Тргнаа во 13 часот, а во 16 часот беа пред Собранието на Србија.
Таму во 19 часот се случи инцидент кога група од собраните пред Собранието на Србија фрлила различни предмети и пиротехнички средства кон кампот на студентите во Пионирски парк. Како што јавува агенцијата Бета, сè се случувало кај заштитната ограда на Пионерскиот парк, надвор од просторот на Собранието, а студентите брзо ја отстраниле оваа група лица од местото на настанот.
Некои од учесниците на демонстрациите тврдат дека инцидентот го предизвикале лица кои излегле од кампот Студенти 2.0, но тоа никој не успеал да го документира со видео снимка или фотографија.
Инцидентите започнаа во текот на петнаесетминутната тишина на собирот „15. за 15“ во Белград, кога во еден момент се слушна галама која ги вознемири присутните.
Во меѓувреме на булеварот пред Правниот факултет во моментов се наоѓаат џипови и оклопни возила на полицијата и голем број на полицајци во опрема за разбивање демонстрации. Тие добиле наредба да се упатат кон центарот на градот. Полицијата најпрво им јавила на студентите-редари од Правниот факултет, апотоа полека упатиле кон Плоштадот Никола Пашиќ, јавуваат репортерите на Н1. Таму полицијата ги спуштила штитовите, по што граѓаните ги поздравиле со аплауз, јавува Н1.
Во изминативе денови во главниот град на Србија беше тензично и хаотично, но и покрај тоа, студентите изјавија дека нема да отстапат од барањата кои ги поставија пред неколку месеци.
.