100 години палестинско – израелски конфликт. Како дојдовме до овде?

Кој и што им ветувал на Арпите и Евреите и што доведе до стогодишниот израелско-еврејски конфликт?
https://peacetracts.org/israel-palistinian/

Случувања пред Втората светска војна

Пред Првата светска војна, оваа територија била дел од Османлиското царство, со незванично име Палестина. И таму живееле мносинките Арапи (90%) и малцинските Евреи (10%)

Во 1915 година Британија им ветила на Арапите независност, во замена за борбата против Османлиите. Меѓутоа со таен британско – француски договор од 1916 година (Sykes – Picot) територијата на Палестина е изземена од тоа ветување.

Со Балфурската декларација од 1917, Британија на Евреите им ветува создавање на еврејска тактовина. Иако британската управа добила мандат кој требало да води кон создавање на палестинска држава, Палестинците сè уште чекаат на исполнувањето на тоа ветување.

По Првата светска војна (1922) Лигата на нациите, го става регионот Палестина под британска администрација. Евреите продолжуваат масовно да се доселуваат, а населувањето се интезивира за време на холокаустот.

Во 1939, Британија предлага создавање на две држави, но Арапите го отфрлаат тоа.

Создавање на државата Израел

Во 1947 година, Британија ја предaва оваа територија на Обединетите нации, кои предлагаат поделба на две независни држави.Според тој план, Ерусалим требало да биде под администрација на ОН. На Евреите требало даим припаднат 56% од територијата, но Арапите го одбиваат тоа.

Во 1948 година, кога Британија потполно се повлекува, Израел прогласува независност и зазема повеќе територии отколку што било предвидено со планот (Прва арапско – израелска војна). Исклучени биле Појасот Газа, кој бил под контрола на Египет, Западниот брег и Источен Ерусалим, кои биле под контрола на Јордан. Повеќе од половината Арапи биле исфрлени или ја напуштиле својата татковина, а тој период го нарекуваат Nakba, односно кататрофа.

Шестдневна војна – израелската окупација на Газа и Западниот брег

Во 1967 година се случила Шестдневната војна меѓу Израел и соседните држави, по која Израел ги окупира Газа и Западниот брег и го анектира Источен Ерусалим.

Следелe повеќе воени судири, од кои Израел излегува како победник, па така мапата и денес изгледа слично. Таква е војната „Јом Кипур“ од 1973 година од која Израел излегува како победник против Египет и Сирија кои ја започнуваат војната.

Израел по втората палестинска Интифада, односно востание, во 2005 година ги повлекува трупите од Газа, со која владее милитантниот Хамас.

Полседниот сериозен мировен договор од Осло (1993 година) пропаднал, а Израел продолжува со експропријација на палестинските земји и населување на окупиранит територии, особено на Западниот брег со кој владее умерениот Фатах.

Официјалниот став на ОН е дека Газа и Западниот брег се под израелска окупација.

Денес

На 7 октомври оваа година, на одбележувањето на 50 годишнината од  војната Јом Кипур, Хамас изврши масовен напад со ракети на израелсак територија, што беше проследено со упад на околу 2500 милитанти на Хамас кои извршија напади врз израелските населби во непосредна близина на Појасот Газа. При тоа се проценува дека се убиени најмалку 1400 Израелци како и 260 учесници на музички фестивал. Ова предзивика жестока реакција на Израел и израелските одбранбени сили, кои започнаа со масовно бомбардирање на градовите во Појасот Газа, а се очекува и нивна копнена офанзива. До 17 октомври, бројот на жртвите во Појасот Газа изнесува околу 3000

За време на упадот на милитантите на Хамас, киднапирани се приближно 199 Израелци и односени на непозната локација во Газа.

Светот стравува од понатамошна ескалација на судирот и можно вовлекување на Хезболах во судирите, што само по себе ќе предизвика и војна со Либан.

Цивилното население во Газа е принудено да ги напушти своите домови и да бара засолниште во јужниот дел од Појасот.

Извор: Радио Слободна Европа https://www.facebook.com/reel/889007635399701

Најново

Последни колумни