100 години од раѓањето на големиот ликовен уметник Вангел Наумовски

Bо „Охридска порта – Љубица“, во петокот со изложба и пригодна програма беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на големиот ликовен уметник Вангел Наумовски, како и 70 години од првата самостојна изложба на еден од најголемите творци на Охрид и Македонија во 20 век.

За значењето и делата на големиот ликовен уметник Вангел Наумовски, меѓу другите, говореа и неговиот син Рубенс Наумовски и Јордан Плевнеш, а на настанот настап имаше го музичкиот уметник Владимир Четкар.

Во исто време во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена  ”Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски” на коа беа претставени дела содржани во збирката ”Вангел Наумовски” во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ.Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска, раководител на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.

Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.Македонија.

Изложените слики љубителите на уметноста во Робевци ќе можат да ги видат се до 1 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни