10-годишно момче загина по пад од балкон во Тетово

Детето било донесено без знаци на живот во Клиничката болница, наредена е обдукција

Десетгодишно момче од Тетово го загуби животот денеска по пад од тераса во станот во кој живеело, информираат од СВР Тетово.

Според полициските информации, во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово е донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од градот.

Според првичните сознанија, детето паднало од терасата на станот на Индустриска улица. Родителите биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница, каде лекар констатирал смрт.

Неофицијално, детето имало здравствени проблеми, но околностите под кои се случил падот сè уште се утврдуваат.

Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот. По наредба на обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција.

Надлежните институции најавуваат дека ќе ги испитаат сите околности поврзани со трагичниот настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни