Search

𝕏 почна да брише профили поврзани со Хамас

Управата на 𝕏 соопшти дека избришала „стотици сметки поврзани со Хамас“, како и илјадници објави по нападот на милитантите врз Израел. Претходно, Европската унија и даде на социјалната мрежа 24 часа да ги отстрани нелегалните содржини и дезинформации поврзани со палестинско-израелскиот конфликт за да не се соочи со казни според неодамна донесениот Закон за дигитални услуги на ЕУ, пишува CNN. Извршниот директор на 𝕏,  Линда Јакарино, рече дека компанијата ги „редистрибуирала ресурсите и ги рефокусирала внатрешните тимови кои работат деноноќно за да се справат со оваа ситуација која брзо се развива“. „Нема место на 𝕏 за терористички организации или насилни екстремистички групи и ние продолжуваме да ги отстрануваме таквите сметки за брзо време“, рече Јакарино. Во текот на викендот, според Си-Ен-Ен, на социјалната мрежа 𝕏 се појавија голем број лажни видеа и други објави, што ги алармира експертите кои го следат ширењето на дезинформации. По нападот врз Израел, Јакарино рече дека 𝕏 презеде акција за „отстранување или етикетирање на десетици илјади содржини“ кои ги прекршија неговите правила за навредлив говор, медиумска манипулација и графички медиуми. Таа, исто така, рече дека администрацијата на социјалната мрежа одговорила на повеќе од 80 „барања за отстранување“ од властите на ЕУ за отстранување на содржината, забележа Си-Ен-Ен.

Најново

Последни колумни