Во новото интервју за GQ, Малкович откри дека со текот на годините му биле понудени различни улоги во Марвел, но ги одбил сите бидејќи не бил задоволен со платата.
„Не одбив такви филмови од уметнички причини“, рече Малкович. „Воопшто не ми се допаднаа условите од договорот. Снимањето такви филмови е прилично исцрпувачко. Ако шест месеци висам од кран пред зелен екран, сакам добар хонорар. Ако нема да ми платите, добро, тогаш нема да го снимам тој филм затоа што повеќе би сакал да бидам на сцена или да режирам претстава или да работам нешто друго“, пишува Variety.
Она што особено го изненадило Малкович е откритието дека снимањето на Fantastic Four не е толку различно од работата во театар затоа што „замислуваш еден куп работи што ги нема и правиш своја мала претстава“. Дополнително, тој бил воодушевен што повторно ќе соработува со режисерот Мет Шаман, со кого работеше и во 2014 година.
Иако се уште не е потврдено кој лик ќе го игра Малкович во Fantastic Four, љубителите на стриповите на Марвел веруваат дека тој ќе го портретира негативецот Иван Крагоф, познат и како Црвениот дух.
Крагоф е советски научник кој се обидува да ја повтори несреќата што ја доживеа Фантастичната четворка во вселената за да добие слични моќи.
Филмот Fantastic Four: First Steps пристигнува во кината на 25-ти јули оваа година.