Корените на Џејсон Момоа водат од хавајско и европско потекло, културна мешавина која силно го обликувала и неговиот живот и кариера.
Детство и тинејџерски денови
По разводот на неговите родители, Момоа растел со самохрана мајка уметница во Норвок, Ајова, но редовно го посетувал татка си на Хаваите. Таму развил длабока поврзаност со природата, океанот и хавајската традиција. Уште како тинејџер покажувал интерес за морска биологија и ликовна уметност, што подоцна ќе влијае на неговата креативност и активистичка работа.
Почетоци во манекенството и телевизијата
Момоа ја започнал својата кариера како модел, а на 19 години бил прогласен за хавајски модел на годината. Тоа му ги отвори вратите кон телевизијата – првата улога ја доби во серијата „Чувари на плажата: Хаваи“ (1999–2001), каде што го играше Џејсон Јоане.
Подоцна се појави и во серии како „Северниот брег“ и „Ѕвездена капија: Атлантида“, каде што го толкуваше ликот на Ронон Декс.
Пробив со „Игра на тронови“ и славата на Аквамен
Светска слава стекна со улогата на Кхал Дрого во серијата „Игра на тронови“ (2011). Иако неговото присуство во серијата беше кратко, токму таа улога му отвори пат до големи холивудски проекти.
Во 2018 година ја доби главната улога во филмот „Аквамен“ како дел од DC универзумот. Филмот беше огромен комерцијален успех и го потврди статусот на Момоа како акциона ѕвезда. Улогата ја повтори и во продолженијата, станувајќи миленик на младата публика.
Продукција и понатамошни проекти
По „Аквамен“, Момоа продолжи со главни улоги во блокбастери со голем буџет, како што се „Дина“ (2021), „Брзи X“ (2023) и „Мајнкрафт филм“ (2025), каде што го глуми ликот Гарет Гарисон.
Се занимава и со продукција – еден од неговите најзначајни проекти е серијата на Apple TV „Chief of War“ (2025), која самиот ја креира, копродуцира и во која има главна улога. Серијата претставува историска реконструкција на Хаваите и главно се снима на хавајски јазик.
Активизам и лична посветеност
Момоа е познат и како активист за заштита на животната средина, за правата на домородните заедници и зачувување на културното наследство.
Јавно се противи на изградбата на телескоп на светиот хавајски врв Мауна Кеа и активно промовира одржливост. Преку своите јавни настапи и лични проекти, се залага за значењето на локалните заедници и нивното автентично претставување.
Извор: N1info.rs