Како дел од Skopje Pride Weekend од 03 до 14 јуни во Скопје ќе се одржи дестивал насловен Југоквир.
„Ова фестивалско издание ги истражува квир телесноста и перформансот како отпор во контекст на (пост)југословенското наследство и простор. Преку изложба, дискусии, танц и перформанси, се враќаме на телесните политики од социјализмот до денес, поставувајќи прашања за хетеронормативноста, национализмот, капитализмот и нивното оспорување од квир и феминистички перспективи.
Од Љубљана до Скопје, од 1980-тите до денес — ги повикуваме духовите на незавршените утопии, ги оживуваме алтернативните архиви на отпорот, копнееме по светови на солидарност и еднаквост, и сценираме нови и неопходни средби помеѓу левата квир политика и пракса и критиката на капитализмот“ велат организаторите.
Целосната програма, како што објавија организаторите, ќе биде објавена наскоро.