Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево распишува конкурс за најстаро издание на книга

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево објави конкурс за избор на најстаро издание на книга. Целта на конкурсот е да се истакне значењето на книжевното и културното наследство, како и да се поттикне љубовта кон старите книги.

„На конкурсот може да учествува секој граѓанин, библиофил или колекционер кој поседува книга издадена пред 1980 година, без разлика на јазикот, жанрот или издавачот“, информираа од делчевската библиотека.

Оттаму истакнаа дека пријавувањето почна и ќе трае до 20 август 2025 година.

„За највредните изданија се предвидени награди и благодарници, а преку овој конкурс библиотеката сака да придонесе во зачувување на „трагите на времето“ низ старите книги. Ве очекуваме со нетрпение!“, порачуваат од ЈЛБ „Илинден“ – Делчево.

Заинтересираните треба да испратат фотографија од книгата заедно со основни информации (наслов, автор, година на издавање) преку порака на фејсбук-страницата на библиотеката или на е-поштата m.biblioteka@t.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни