Јавен конкурс за дизајн на национален дрес на Македонија

 Да не бидеме шарени, туку унифицирани и насекаде препознатливи. Твоја идеја, твој потпис!

Сојузот на Спортски Федерации на Македонија, ги поканува сите креативци без разлика дали се професионалци или пак дизајнот им е хоби, дизајн студија или пак индивидуалци, да земат учество на Јавниот конкурс за дизајн на национален дрес на Македонија и да дадат свој придонес за да ја облечеме Македонија во победничко руво.

Правилата се едноставни. Дизајнот треба да содржи автентични македонски национални обележја и да биде применлив и функционален.

„Вашите предлози во вид на финален дизајн (jpeg или png формат), со краток опис на дизајнот и вашите лични податоци и податоци за контакт во pdf формат да ги испратите на  dres@ssfm.mk најдоцна до 15ти Мај“ велат организаторите.

Најдобрите три дизајни ќе бидат наградени и тоа 50.000 денари, 30.000 денари и 20.000 денари.

„Да не бидеме шарени, туку унифицирани и насекаде препознатливи. Твоја идеја, твој потпис! Пријави се и облечи ја Македонија во победничко руво со твојот дизајн“ порачуваат од Сојузот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни