Јапонскиот автомобилски гигант гради град од 10 милијарди долари

Предвидено е градот да има околу 2.000 жители, а енергијата ќе се добива од водород, што го прави овој проект посебно интересен.

Јапонски автомобилски гигант „Тојота” го презентира футуристичкиот проект вреден 10 милијарди долари, пишува „Бизнис Инсајдер”. Првата фаза на проектот е веќе завршена, а таа вклучува изградба на автономни фабрики кои ќе ги тестираат новите возила.

Проектот се вика „Woven City” и е замислен како „жива лабораторија”, во која ќе живеат луѓе кои ќе ги тестираат новите технологии како возила, роботи и други иновации. Жителите, како и потенцијалните купувачи, ќе тестираат возила на различни начини. Се очекува првите 100 работници да се преселат во стамбениот дел до есен оваа година.

Проектот е осмислен како футуристичко место за иновации во автомобилската индустрија, технологијата и роботиката. Не само што ќе се развиваат популарни автомобили, туку и други напредни технологии, како што се електрични и мотизирани инвалидски колички, тркачки дронови, роботи кои ќе бидат домашни љубимци и помошни домаќинки.

Предвидено е градот да има околу 2.000 жители, а енергијата ќе се добива од водород, што го прави овој проект посебно интересен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни