Јапонецот Ивао Хакамада поминал 40 години чекајќи во затвор на извршување смртна казна, а минатата година бил ослободен. Судот објави дека добил отштета од 200 милиони јени, односно 1,4 милиони долари, што е 1.200 јени (85 долари) за секој ден поминат во затвор.
Овој поранешен боксер, кој сега има 89 години, бил осуден иако бил невин. Во 1968 година бил осуден за четвороструко убиство, иако тврдеше дека полицијата фалсификувала докази против него. Тој најдолго време бил во затвор во споредба со сите други затвореници осудени на смрт во останатиот дел од светот. Јапонската национална телевизија NHK објави дека бил ослободен откако ДНК тестирањето утврдило дека му била подметната крвава облека која го поврзувала со злосторството, а која беше причина за неговата осуда.
Правниот застапник на Хакамада, Хидео Огава, изјави дека износот на отштетата е највисок досега за погрешна пресуда во Јапонија, но додаде дека никој не може да ја надокнади болката и страдањата што неговиот клиент ги претрпел. Тој смета дека државата направила грешка за која не може да се искупи со 200 милиони јени.
Ивао Хакамада се пензионирал како професионален боксер во 1961 година и започнал работа во фабрика за преработка на соја во Шизуоки, град во централниот дел на Јапонија. Полицијата го уапсила пет години подоцна, откако неговиот шеф, шефовата сопруга и нивните две деца биле пронајдени избодени на смрт во нивната куќа.
Првично, Хакамада призна виновност за делата кои му се ставени на товар, но подоцна се изјаснил како невин, тврдејќи дека полицијата го малтретирала и му го присилила признанието. Судскиот состав кој го осудил на смрт во 1968 година се состоел од три судии. Двајца биле за смртната казна, додека еден бил против. Судиското тело се распаднало кога оној кој бил против заминал од својот пост шест месеци подоцна, деморализиран поради тоа што не успеал да ја спречи пресудата.
Video: Japanese police chief bows in apology to a wrongfully convicted man. Hakamada Iwao spent decades on death row because police fabricated evidence to convict him of murder in the 1960s. The chief of Shizuoka's police force apologized to him today. pic.twitter.com/XgsGdOr9rc
— Jeffrey J. Hall 🇯🇵🇺🇸 (@mrjeffu) October 21, 2024
Хакамада поминал повеќе од половина од својот живот во затвор, чекајќи на извршување на смртната казна. Новите докази довеле до неговото ослободување во 2014 година, а подоцна и до ослободителна пресуда.
Неговиот случај доведе до прашања околу јапонскиот правосуден систем, каде што стапката на осудителни пресуди е дури 99%. Исто така, неговиот случај поттикна повици за укинување на смртната казна во Јапонија.
Сестрата на Ивао, Хидека, долго време водела кампања за негово ослободување. За CNN изјави дека повеќедеценискиот затвор нанесол непоправлива штета на менталното здравје на нејзиниот брат.