Ѓоковиќ: Стојам на страна на младите, ме боли кога гледам раздор меѓу мојот народ

Српскиот тенисер секоја победа на турнирот ја прославуваше со имитација на пумпање на тој начин давајќи поддршка на студентите
Фото: Andymiah, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

На последната прес-конференција на Вимблдон по поразот во полуфиналето, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се осврна на актуелните случувања во неговата татковина.

Еден од присутните новинари на пресот заклучи дека се чини дека Ѓоковиќ на овој Вимлбдон најмногу направил за сите луѓе во Србија и побара негов став.

„Секогаш ја чувствувам поддршката која доаѓа од нашиот народ и секогаш сум благодарен на тоа. Некако, поради случувањата во нашата земја но и поради фактот дека можеби мојата кариера се приближува кон крајот, така секој поголем турнир е можеби и последен и така луѓето го чувствуваат тоа и со тоа пружаат се поголема поддршка. Навистина сум неизмерно благодарен. Секако дека стојам до луѓето, стојам до младите, тоа го кажав повеќе пати. Мојата порака е поддршка и надеж дека ситуацијата на улиците ќе се смири. Раздорот помеѓу нас самите, меѓу народот е нешто што не може сигурно на долги стази никому да биде од корист. Тоа е нешто што многу ме боли кога ја гледам пошироката слика“ рече Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер секоја победа на турнирот ја прославуваше со имитација на пумпање на тој начин давајќи поддршка на студентите во Србија кои со месеци протестираат а чиј еден од слоганите е „Пумпај“.

Ваквиот потег на Новак предизвика нервоза кај гласноговорниците на режимот на Вучиќ, па многу режимски мегафони почнаа јавно да го напаѓаат човекот кој ја стави Србија на светската тениска мапа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни