Нов албум во издание на ПМГ Џез

„𝗠𝗮𝗰𝗲𝗱𝗼𝗻𝗶𝗮𝗻 𝗙𝗿𝗲𝗲 𝗦𝗼𝗰𝗶𝗲𝘁𝘆“, октет музичари кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика

За љубителите на авангардната џез музика, од вчера е достапно новото, 46-то по ред издание на ПМГ Џез кој ни го претставува 𝗠𝗮𝗰𝗲𝗱𝗼𝗻𝗶𝗮𝗻 𝗙𝗿𝗲𝗲 𝗦𝗼𝗰𝗶𝗲𝘁𝘆, октет од извонредни современи џез музичари кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика.

Концертната премиера на проектот Macedonian Free Society, ќе се случи овој месец на претстојното издание на „Крај Вардарот Џез фестивал 2024.“

“𝗠𝗮𝗰𝗲𝗱𝗼𝗻𝗶𝗮𝗻 𝗙𝗿𝗲𝗲 𝗦𝗼𝗰𝗶𝗲𝘁𝘆 произлезе од потребата за нов- креативен, (о)слободен, инспиративен а во исто време предизвикувачи израз добиен како резултат на соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика е токму поводот за креирање на еден ваков мега состав. Иновацијата во креирањето на музичко дело и изведба како резултат на поединечни музички преокупации и форми на израз на секој од членовите вткаени во предизвикувачка и квалитетна изведбена целина, е резултатот на овој современ ансамбл. Неговите членови поединечно, или како дел од нивните матични состави нижат признанија и награди во домашен и меѓународен контекст, и тоа: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Драган Теодосиев, Глигор Кондовски и Благојче Томевски.“

Џез фестивалот „Крај Вардарот џез“ е посветен на домашната џез сцена и е еден од проектите на Мирко Попов .

„Фестивалот има за цел да ја истакне заложбата за зајакнување на позицијата на автохтоната музика и се разбира култура, плејадата нови македонски состави кои имаат храброст и музичко знаење да дадат поинакво гледање на џезот.“ , ќе каже Попов во едно од неговите интервјуа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни