Јапонија лансираше навигациски сателит во вселената

Сигналите на Мичибики се користат како дополнување на американскиот GPS за подобрување на податоците за позиционирање за паметни телефони, автомобилска и морска навигација и беспилотни летала.


Јапонија денес лансираше навигациски сателит со својата нова ракета H3, бидејќи таа земја сака да има сопствен систем за попрецизно позиционирање. Ракетата H3 која го носи сателитот Мичибики 6, успешно полета од вселенскиот центар Танегашима. Сè помина според планот, соопшти Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАКСА).

Денешното лансирање, кое беше одложено за еден ден поради временски услови, беше четврти последователен успешен лет за системот H3, по неуспешниот прв обид минатата година, кога ракетата мораше да биде уништена.

Сигналите на Мичибики се користат како дополнување на американскиот GPS за подобрување на податоците за позиционирање за паметни телефони, автомобилска и морска навигација и беспилотни летала.

Јапонија планира да лансира уште два навигациски сателита за да има попрецизно глобално позиционирање, без да се ослонува на странски служби.

Земјата ја гледа стабилната, комерцијално конкурентна способност на вселенски транспорт како клучна за својот вселенски програм и национална безбедност и развива две нови ракети како наследници на сегашната главна серија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни