Џон Клиз: Нема да кратиме сцени од „Житието на Брајан“ поради модерната сензитивност

Иако сите актери во продукцијата го убедувале да ја прескокне сцената со „Лорета“, Џон Клиз ги уверува фановите дека оваа сцена ќе остане во театарската продукција на „Житието на Брајан“

Во веќе легендарниот филм од 1979 година, ликот на Ерик Ајдл, Стен, им кажува на своите колеги револуционери дека сака да биде жена затоа што сака да има деца. Тој бара да се вика Лорета, но е исмеан од другите ликови кои му велат дека не може да има бебиња затоа што нема матка.

Стен вели: „Сакам да бидам жена… Тоа е мое право како маж“.

„Сакам да имам бебиња… Право на секој човек е да има бебиња ако ги сака“, пред да додаде: „Немој да ме угнетуваш!“

Сега овој филм на Монти Пајтон добива сценска продукција, а медиумите шпекулираа дека по читањето било одлучено оваа сцена да биде исфрлена.

Сепак, Џон Клиз ги негира ваквите шпекулации и изјави дека нема намера да го направи тоа.

„Пред неколку дена зборував со публика надвор од Лондон. Им реков дека го адаптирам Житието на Брајан за да можеме да го направиме како сценско шоу (НЕ мјузикл). Реков дека го читавме најновиот нацрт во Њујорк пред една година и дека сите актери – неколку од нив добитници на Тони – силно ме советуваа да ја избришам сцената со Лорета. Се разбира, немам намера да го сторам тоа“ напиша Клиз на Твитер.

Тој одговори на еден фан кој се запраша зошто се шири гласината и рече: „Тоа беше она што беше толку изненадувачки.

„Овие беа апсолутно врвни изведувачи на Бродвеј и беа категорични нема да поминеме добро со таа сцена во Њујорк!

Ги прашав „Дали фановите на Пајтон нема да дојдат затоа што правиме сцена на која се смеат 40 години?“

Клиз беше гласен критичар на таканаречената „култура на откажување“ и политичка коректност.

Говорејќи на конференцијата „Фридомфест“ во јули минатата година, Клиз рече дека на комичарите им е потешко да бидат смешни во денешното општество поради стравот дека ќе бидат „откажани“.

Според него многу комичари се самоцензурираат поради примери на „откажување“ на нивни колеги поради шеги, што според него е смртта на креативноста.

„Затоа, би рекол во моментов, ова е тешко време, особено за младите комичари, но гледате, мојата публика е многу постара и тие едноставно не се заинтересирани за повеќето woke ставови.  Мислам, тие сметаат дека треба да се трудиме да бидеме добри со луѓето и нема потреба да комлицираме“ рече Клиз.

Но, се чини дека неговиот колега од Монти Пајтон, Ерик Ајдл, не ги споделува ставовите на Клиз за „културата на откажување“.

Минатата година, тој рече дека има малку симпатии за комичарите како Дејв Шапел кои тврдат дека се откажани.

Појавувајќи се на една епизода од подкастот On со Кара Свишер, тој беше прашан за поплаките на Шапел дека го замолчуваат поради неговите контроверзни шеги.

Тој одговори: „Каде го кажува тоа? На SNL… па не сте толку откажани, нели? Ако беше во соба и се жалеше, ќе имав повеќе сочувство“.

„Не треба да се жалите од публиката. Нема ништо лошо со публиката. Ако не се смеат на вашите шеги, нешто не е во ред со вашата шега. И така… јас не сум страшно сочувствителен со таков став, да бидам искрен“.

Ајдл, исто така, се огради од сценската продукција на Житието на Брајан, велејќи дека „нема никаква врска“ со продукцијата.

Извор: Joe

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни