Џоле, Славко, Џука Бизон – кои се новите миленичиња на студентите кои блокираат факултети?

Студентите кои веќе неколку недели го блокираат факултетите, своето друштво го наоѓаат во миленичињата. Некои од нив имаат отворени профили на социјалните мрежи и станале заштитни знаци на студентските блокади.

Меѓу најпопуларните маскоти на блокираните факултети се морското прасе, кое го именуваа Џука Бизон, и две мачки – Џоле и Славко.

Морското прасе Џука Бизон им прави друштво на студентите на Електротехничкиот факултет. На Инстаграм профилот Џука у блокади, веќе две недели може да се следат активностите на малото морско прасе, кое во четвртокот првпат беше со студентите и на блокада на сообраќајниците.

Џука на Инстаграм повика и на протест пред Уставниот суд в недела во 16:00 часот, порачувајќи: „Доаѓам и се надевам дека ќе се видиме.“

Џоле, мачка која е дел од блокадата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, исто така има свој Инстаграм профил. Тој повика на блокада на Мостарска петља на 10-ти јануари.

„Собирањето е пред Палатата на правдата во 13:00 часот, а блокадата на Мостарска петља започнува во 14:00 часот. Оваа блокада ја организираат студентите на Универзитетот уметности по повод финалното сослушување на петорицата осомничени за напад на студентите од Факултетот за драмски уметности, закажано за 9-ти и 10-ти јануари“, стои во објавата на Џоле.

Друга мачка, по име Славко, е заштитно лице на ФДУ. Студентите на овој факултет редовно известуваат на Твитер профилот ФДУ у блокади за активностите на нивниот чувар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни