Американскиот претседател Џо Бајден денеска стана првиот претседател на САД што ја посетил Амазонската прашума.
Непосредно пред почетокот на Самитот Г20, тој пристигна во градот Манаус каде што разговараше со претставници на домородните заедници за заштита на прашумата.
– Не мора да избираме меѓу заштита на животната средина и економски раст. Можеме да ги постигнеме двете, истакна Бајден, нагласувајќи дека ја напушта функцијата во јануари, оставајќи силна основа за иднината.
Тој предупреди дека никој нема да може да ја запре револуцијата на чистата енергија која веќе се спроведува во САД.