Џо Бајден има агресивен карцином на простата, со метастази на коските

Поранешниот американски претседател Џо Бајден е дијагностициран со агресивен облик на карцином на простатата, кој веќе се проширил на коските, соопшти вечерва неговиот личен кабинет.

„Минатата недела, претседателот Џо Бајден беше подложен на преглед поради новооткриен израсток на простатата, откако имаше се поизразени уринарни тегоби. Во петокот му беше дијагностициран карцином на простата со Gleason резултат 9 (Група 5), со метастази на коските“, се наведува во соопштението.

Се додава дека станува збор за поагресивен облик на болеста, но туморот е чувствителен на хормонска терапија, што овозможува ефективен пристап во лекувањето.

Бајден и неговото семејство во моментов со своите лекари ги разгледуваат можностите за натамошно лекување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни