Според британскиот таблоид Daily Mail, инцидентот се случил во паркот Xishuangbanna во Кина. Се зборува дека сирената е 22-годишната Маша. Рибата ѝ ги отстранила очилата при нападот, а жената наводно добила повреди на главата, вратот и окото.
22-годишната девојка наводно била принудена да се врати во аквариумот по нападот, иако чувствувала болки. По нападот, наводно ѝ биле понудени нешто помалку од 95 евра како „морална отштета“, а ѝ било забрането да зборува за инцидентот. Нејзините претпоставени во паркот Xishuangbanna наводно се обиделе сè да „заташкаат“, пренесува Daily Mail.
Слатководниот аквариум може да се пофали со автохтони видови од реките Меконг и Јангце, како и со други ретки водоземци.