Џесика Алба излезе со ќерките и не е јасно која е поубава: Прв пат во јавност по разводот

Холивудската актерка и претприемач Џесика Алба уште еднаш докажа дека годините не и се пречка кога станува збор за младешкиот изглед и беспрекорниот стил. Овој пат, славната убавица го привлече вниманието на јавноста со излегувањето со ќерките, а фотографиите поттикнаа и низа комплименти. 

Актерката Џесика Алба неодамна потврди дека по 16 години брак се разведува од Кеш Ворен со кого има три деца. Таа за прв пат се појави во јавноста со своите ќерки.  Џесика е гордата мајка на Хани и Хевен Ворен, кои пленат со својата елеганција и харизма. Тие уживаа во вечерното излегување по Суперболот, а присутните не можеа да одлучат која од трите изгледа поубаво. 

Очигледно е дека убавината и стилот се провлекуваат низ семејните гени, бидејќи сите три дами блескаа во избраните комбинации. Додека Џесика избра софистициран црн фустан кој ја истакнува нејзината фигура, нејзините ќерки се одлучија за младешки и свежи модни избори кои совршено го истакнуваат нивниот природен сјај. 

Присутните папараци не ја пропуштија можноста да го овековечат овој убав семеен момент, а социјалните мрежи беа преполни со восхитувачки коментари. Обожавателите на познатата актерка се воодушевени од тоа колку Џесика е приврзана за семејството и колку време поминува со своите ќерки. Овој излет уште еднаш потврдува дека Алба не само што ја негува својата убавина и стил, туку тие вредности им ги пренесува и на своите наследници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни