Првото учество на Џенифер Гарнер на Комикон не помина така како што таа очекувала и посакувала, откако на социјалните мрежи познатата актерка сподели дека речиси цел час била заглавена во лифт.
Актерката на својот Инстаграм профил сподели неколку видеа од тоа како го поминувала времето во лифтот.
„Сум чула дека во ваква ситуација треба да седнеш и да чекаш“ вели таа во едно од видеата.
Сепак, откако лифтот не се поместил ни 40 минути подоцна, сфати дека не е време за шеги и повикала 911, по што брзо реагирале пожарникарите и го решиле проблемот, а актерката успеа да стигне на Комикон.