Џеко Јашароски, од повратник од Германија до сопственик на мал бизнис во прилепската чаршија

Не е тешко, само треба еден човек да посака. Јас посакав тука да се вратам и нормално си живеам во родената земја. Во чаршијата да работиш е навистина една посебна работа. Секој ден разни луѓе. Многу е интересно, забавно. Јас сакам да работам со луѓе. Кој сака да работи, може да работи. Ако сакаш нешто можеш да го постигнеш и да бидеш свој. Јас најмногу од сакав да се вратам тука, да работам тука и нормално да си бидам покрај фамилијата. Зошто во странство си секогаш си туѓинец…

Џеко Јашароски од Прилеп е успешен сопственик на мала продавница во прилепската чаршија, со големи планови за иднината. Ова е приказна за борбата, посветеноста и храброста на еден млад човек посветено да зачекори кон подобар живот. Сторијата за тоа како доколку се има вистинската визија пред себе и соодветна системска поддршка, може да се реинтегрира во општеството наспроти сите предизвици.

Џеко по неколку години нелегален престој во Германија со неговото семејство, се вратил во земјава. Благодарение на средствата од Програмата за самовработување, поддржана од Регионалниот проект за реинтеграција на повратници, финансиран од ЕУ а спроведен од УНДП, тој успева да отвори свој мал бизнис во прилепската чаршија. Денес чаршијата е неговиот свет во кој се остваруваат сите негови амбиции.

-На почетокот немав идеја да работам тука и заминав во Германија. Мислев таму е подобро, дека ќе можам повеќе да успеам. За жал видов дека тоа таму не е тоа што ми треба и решив да се вратам овде и да отворам сопствен бизнис. Стартот ми го овозможија „РОМА – Перспектива“, невладина организација од каде ми помогнаа да направам бизнис план, да го добијам грантот и да започнам со работа. Изгледаше комплицирано на почетокот. Не е едноставно да отвориш бизнис па за еден месец- два да затвориш пак, ама еве успеав и сега работам година и три- четири месеци и сум многу задоволен. Работев во еден помал дуќан, сега еве гледате имам многу поголем дуќан. Не е тешко, само треба еден човек да посака. Јас посакав тука да се вратам и нормално да си живеам во родената земја. Во чаршијата да работиш е навистина една посебна работа. Секој ден разни луѓе. Многу е интересно, забавно. Јас сакам да работам со луѓе. Кој сака да работи, може да работи. Ако сакаш нешто можеш да го постигнеш тоа и да бидеш свој. Јас најмногу од се сакав да се вратам тука, да работам овде и нормално да си бидам покрај фамилијата. Зошто во странство си навистина туѓинец- вели Џеко.
Тој има големи соништа. Сака да го прошири бизнисот и да отвори втора продавница со сопругата. Ја сака чаршијата и муштериите и ужива во својата работа.
Како дел од овој проект, повеќе од 200 повратници Роми имаа можност и опција за отворање на сопствен бизнис и интеграција во општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни