Данецот Ханс Кристенсен Гивард (27) патувал во втора класа и бил еден од 1.500-те жртви кога бродот удрил во санта мраз во 1912 година. Гивард патувал за САД со двајца пријатели кои исто така загинале во несреќата.
Часовникот бил пронајден кога телото на Гивард било извлечено од Северниот Атлантик и подоцна погребано во Халифакс, Канада.
Во неговите џебови биле пронајдени штедна книшка, клучеви, пари, сребрен часовник, компас и пасош, како и позлатен женски џепен часовник на кој солената вода оставила траги од корозија.
Сите негови лични работи му биле вратени на неговиот брат во Данска, а часовникот сега го продаваат неговите потомци.
Трагичната приказна за Гивард ги инспирираше кураторот Јеспер Хјерминд и неговата роднина, новинарката и американска државјанка Мета Хјерминд Мекол, да ја напишат книгата „Титаник – дански приказни“, во која се споменува и овој џебен часовник.
Аукциската куќа Henry Aldridge and Son of Devizes, во англиската област Вилтшир, ќе го понуди часовникот на продажба на 26 април.
„Овој предмет беше документиран на официјалната листа на предмети на Ханс, составена од властите во Халифакс, Нова Шкотска, во неделите по катастрофата на Титаник, и оттогаш остана во сопственост на неговото семејство.“
„Механизмот на часовникот остана ‘замрзнат во времето’, во моментот кога студените води на Северниот Атлантик го проголтаа не само неговиот сопственик, туку и најпознатиот океански брод на сите времиња – Титаник, на 15 април 1912 година“, додаде тој.