Во видеото Џастин Бибер седи во сепаре и му приоѓа раперката. Насмеаниот Бибер ја прегрнува и ја бакнува во образ. Нејзината песна Hoochie Coochie свири во позадина.
Секси Ред исто така го објави клипот на својот Инстаграм профил. Се испостави дека раперката во тој момент го прославува својот 27 роденден, а еден од поканетите очигледно бил и Бибер.
Многу обожаватели веруваат дека Џастин со ова видео покажал дека не ја почитува сопругата Хејли.
„Изгледа посреќно со неа отколку со Хејли“, „Никогаш не изгледал посреќно“, „Сите мислевте дека е депресивен и дека му треба само промена на сценографијата“, „Дали се обиде да ја бакне во уста?“, „Жал ми е за неговата сопруга, искрено“, „Зарем не си оженет“, „Заборавив дека знае да се насмее“, се дел од коментарите.
Неодамна се шпекулираше дека Џастин е во финансиски банкрот. Овие гласини почнаа да кружат откако поранешен вработен во тимот на Бибер во интервју за „Холивуд репортер“ тврдеше дека на пејачот должи милиони долари откако ја откажа светската турнеја Justice поради здравствени проблеми.
ПР тимот по овие гласини излезе со соопштение за Us Weekly во кое ги демантираше.
Во изјавата објавена од неговиот тим за односи со јавноста, Бибер ги нарече тврдењата за банкрот како глупости и вести за кликање што доаѓаат од несигурни извори кои се разочарани што повеќе не соработуваат со Џастин.
„Ова е глупост врз основа на лошо информирани извори кои се разочарани што повеќе не работат со Џастин“, се вели во соопштението.
„Како што Џастин напредува во својата кариера, овие непотребни приказни и лаги ќе продолжат. Сепак, тоа нема да го обесхрабри да остане на вистинскиот пат“.
Исто така, неговиот тим додаде: „Секој извор кој се обидува да продаде приказна за финансиски проблеми… или не ја разбира музичката индустрија, или се обидува да го наслика Џастин во лошо светло, што нема никаква врска со реалноста“.