Ќерката на Кејт Мос сè повеќе потсетува на својата славна мајка

Ќерката на познатата манекенка Кејт Мос, Лила Мос (20) се појави на црвениот тепих на настанот на Кралската академија на уметностите, Summer Preview Party во Лондон.

Младата манекенка која тргна по стапките на својата славна мајка се одлучи за едноставен, но елегантен црн фустан кој ја истакна нејзината манекенска фигура.

Многумина од светот на модата велат дека Лила е иста како мајка ѝ. Нејзиното појавување на црвениот тепих го привлече вниманието и на модните критичари. За нејзниот едноставен избор на тоалета голем дел од модните критичари дадоа високи оцени, карактеризирајќи го како перфектен.

Лила е единствената ќерка на Кејт. Нејзиниот татко Џеферсон Хек се разведе од Кејт Мос многу брзо по нејзиното раѓање. Со својата манекенска кариера почнала да се занимава на 14 години, исто како и нејзината мајка. Лила работеше за брендот Марк Џејкобс во текот на 2018 година, а првата насловна страница ја украси само неколку месеци подоцна, истата година.

Инаку, на Лили ѝ бил дијагностициран дијабетес тип 1 кога била дете, но и покрај тоа, таа се посвети на градење на манекенска кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни