Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит и официјално се откажа од татковото презиме

Фото: Nils Sautter/Flickr

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло и официјално се откажала од татковото презиме и сега ќе биде само Шајло Џоли, објавија американските медиуми.

Таа во мај поднела барање и законски да се одрече од презимето на нејзиниот татко, откако тоа неофицијално го направиле и нејзините сестри Захара и Вивиен. Меѓутоа, поради судска грешка, целата постапка траела подолго од очекуваното и целиот процес завршил вчера.

Шајло неодамна изјави дека ќе се откаже од презимето на нејзиниот татко, кое според законот во Калифорнија треба да се направи со објава во весници.

Бред Пит со години нема никаков контакт со синовите Мадокс и Пакс, а наводно барањето за развод од Џоли следело по расправа на Пит и Мадокс во нивниот приватен авион, кога тој ја бранел мајка си.

Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит во 2016 година, а како причина тогаш навела ненадминливи разлики и веднаш побарала целосно старателство врз децата.

Разводот бил финализиран во 2019 година, а медиумите објавија дека двајцата акетри биле во постојана битка за старетелство врз децата. Бред барал заедничко старателство, за разлика од Анџелина која сакала таа да добие целосно старателство, со кое Бред би бил само право на посета.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни