Архитектката Бјанка Ценсори, сопруга на раперот Канје Вест, го шокираше светот со својот моден избор на овогодинешното доделување на Греми наградите. Ценсори на црвениот тепих пристигна во проѕирен фустан, под кој беше гола, а поради тоа набрзо беше исфрлена од доделувањето на наградите. По скандалозното појавување пред фотографите, многумина почнаа да шпекулираат дека Бјанка може да биде казнета. Како што пренесува Page Six, сепак, тоа нема да се случи. Извори од полицијата во Лос Анџелес изјавија дека никој од присутните не поднел никакви официјални поплаки за облеката на Бјанка. Тие истакнаа и дека се работи за приватен настан.
„Додека облеката на Ценсори несомнено ја премина границата, обвиненијата за непристојна изложеност во Калифорнија бараат намерно и јавно изложување на нечии гениталии со намера да навредат или сексуално возбудат некого. Теоретски е можно, но малку веројатно, таа да се соочи со каков било вид на кривично гонење“, рече адвокатката Андреа Агентулаза овој инцидент.
Додека Бјанка можеби нема да се соочи со казни за нејзиниот проѕирен фустан, нејзиниот сопруг Канје би можел да се соочи со други проблеми поради инцидентот.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250205023.webp)
Според Дејли Мејл, поради ситуацијата на Греми, тој би можел да остане без договор за меѓународен концерт вреден 20 милиони долари. Раперот требаше да изведе две емисии во Токио Доме во мај, но по Греми, оние што ги финансираа тие шоуа почнаа да размислуваат.
“Спонзорите во Јапонија кои го поддржуваат концертот се многу вознемирени поради ова. Многу е веројатно дека нема да ги финансираат настапите”, рекол изворот.
Тој додаде дека изгледот на парот на црвениот тепих бил „дочекан со ужас“ во Јапонија и бил опишан како „неверојатно морничав“. Изворот објаснил и дека она што го направил Канје се смета за „чин на присилна контрола, што е крајно неприфатливо“. „Тој целосно погрешно ја процени Јапонија кога станува збор за културата. Тој погрешно ја процени толеранцијата на јапонскиот народ кон овие активности. Тој едноставно повеќе не е добредојден“, истакна изворот.