Како што објаснува таа, редакциите за ставови и за вести во Њујорк тајмс се посебни и независни една од друга, а таа како уредничка на редакцијата за ставови со нејзиниот тим во текот на изборната кампања посетиле митинзи и на Трамп и на Харис, учествувале на нивните изборни конференции, ги истражувале нивните политички позиции и заклучиле дека Харис е квалификувана за работата, поради што ја поддржуваат неа на изборите на 5 декември.
„Камала Харис е единствениот избор за претседател во 2024, таа ја има поддршката од уредништвото на Њујорк Тајмс“ вели Кингсбури.
Претходно Њујорк Тајмс објави статија насловена „Единствениот патриотски избор за претседател“ во која тврдат дека Камала Харис е вистинскиот избор и дека Доналд Трамп докажал дека е морално неподобен за да биде претседател.
Њујорк Тајмс прв пат поддржале претседател во 1860 година, кога му дале поддршка на Абрахам Линколн, во важната трка за Белата Куќа, во период кога САД биле пред граѓанска војна.