Овој настан ја истражува епската и неисполнета љубов помеѓу Јоханес Брамс и Клара Шуман, инспирирана од стотиците писма кои Брамс ѝ ги испратил на Клара. Перформансот се навраќа на нивните длабоки емоции, истовремено истакнувајќи го извонредниот успех на Клара како една од ретките глобално признати жени-композитори.
Вечерта ќе опфати дела исклучиво од Клара Шуман и Јоханес Брамс, пренесувајќи ја нивната безвременска љубовна приказна преку музика.
Бидете дел од овa уникатно музичко доживување.