Јужна Италија блеснува во разни бои секое лето

Фото: X/@bia81

Во јули јужноиталијанскиот град Скорано е претворен во калеидоскопски светлосен приказ. За прославата на нивниот заштиник Санта Доменика, тие подигнуваат џионвски архитектонски градби обложени со светилки познати како Luminarie.

Се креираат влезни порти, заоблени тунели, прозорци од рози и куполи украсени со разнобојни светла, така што површините речиси изгледаат како витраж.

Низ јужна Италија, во регионите Молизе, Пуља, Калабрија, Кампанија, Базиликата и Сицилија, овие блескави градби се појавуваат за фестивалите на денот на светците и божиќните прослави.

Претходно оваа година, италијанскиот комитет на УНЕСКО ја објави својата одлука да ги предложи привремените светлосни прикази како нематеријално наследство, под името „Парациони и традиционални светлосни прикази на Јужна Италија“.

Уметноста на luminarie започнала во 17 век кога се подигнувале декорации за селските фестивали и прослави. Зборот потекнува од фразата „lumen in aria“ што значи светла во воздух. Првични, овие светла биле ламби или свеќи замотани во обоена хартија закачени на јажиња. Набрзо локалните уметници започнале да креираат поголеми структури со куполи и стубови.

Во текот на 20 век, ламбите биле заменети со електрични светилки, но и самите техники за креирање на структурите се промениле. Сега гледаме структури високи и до 40 метри изработени од дрво кое се користи за градење бродови, со цел структурите да бидат отпорни на вода.

Имајќи ја предвид и одржливоста се користат ЛЕД светла со ниска потрошувачка на рециклирани материјали како метални жици.

 Некои градови го ограничуваат времето кога овие структури моеж да бидат осветлени, особено ноќе, за да се намали светлосното загадување.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни