Јовановиќ: Вработување и редовни примања се приоритет за Ромите во Европа

„Ние имаме и волја и младост, многу наши луѓе имаат вештини, имаат знаење, но немаат формална димплома“ вели Јовановиќ

Кога ги прашувате нашите луѓе која им е првиот приоритет, тие не велат дискриминација – туку дека сакаат да имаат работа, да имаат редовни примања и самите да го издржуваат семејството вели Жељко Јовановиќ претседател на Фондацијата „Роми за Европа“.

Ставот на Јовановиќ е осврт на Извштајот на неговата Фондација насловен како „Можност од десет милијарди евра: Отклучување на потенцијалот на младите Роми“ кој се занимава со прашањето за активно ангажирање на пазарот на труд на младите Роми во Европа, во време на сериозни демографски предизвици.

Во овој момент нема политичка подготеност од кого било да направи нешто за Ромите и затоа ние се обидуваме да ја промениме перспективата и да кажеме дека ова не е државен трошок, ниту фрлање пари како што некој тоа го гледа. Ова е вложување во работниците, во човечкиот потенцијал, во економијатa. Ние сме решение за подобра економија во нашите држави. Ние имаме и волја и младост, многу наши луѓе имаат вештини, имаат знаење, но немаат формална димплома. Нашите луѓе многу добро знаат дека нивниот економски интерес е секогаш број еден. Економскиот интерес секогаш е број еден и за државата, така што мислам дека нашата улога е да ги разбиеме расистичките предрасуди така што ќе кажеме „Вие имате интерес и ние ви требаме заради вашиот интерес да ја развивате економијата, а тука е и нашиот интерес“ посочи Јовановиќ.

Инаку, според Извешајот на Фондацијата „Роми за Европа“ речиси два милиони работници ќе го напуштат пазарот на трудот на ЕУ секоја година во следните 15 години – исто како што недостигот на работна сила во основните сектори продолжува да расте, а во исто време, милиони млади Роми, најмладата и најбрзорастечката етничка група во Европа, остануваат исклучени од вработување, образование и обука. 

„Овој извештај претставува модел што покажува дека насочените инвестиции кај младите Роми – особено за улоги во занимања идентификувани како дефицитарни во ЕУ – можат да донесат економски приноси за само една до четири години. Само во Словачка, Бугарија и Романија, постигнувањето на паритет на вработеноста на Ромите би можело да генерира помеѓу 1,95 милијарди евра и 10 милијарди евра дополнителен БДП годишно“ велат од Фондацијата

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни